← НАЗАД НА БОЗА

Серена Вилијамс пропушти важен момент: Плачев зошто ќерка ми ги направи првите чекори без мене

Серена Вилијамс пропушти важен момент: Плачев зошто ќерка ми ги направи првите чекори без мене
66 Читања

Да се биде мајка и врвен спортист истовремено не е лесна работа. Напорните тренинзи бараат време поминато далеку од децата, а тоа значи и пропуштени важни моменти од нивниот развој.

Серена Вилијамс, која ја освои титулата на Аврсталијан Опен во 8. недела од бременоста, пред неколку дена на Twitter сподели дека ги пропуштила првите чекори на ќеркичката за да тренира за Вимблдон. 36-годишната спортистка во постот напиша: „Таа ги направи првите чекори… Јас тренирав и ги пропуштив. Плачев“.

Но, интернет корисниците, особено оние кои и самите се родители, пронајдоа прекрасни зборови за да ја утешат славната спортистка и да ја направат горда на себе. Серена веќе се пласира во полуфиналето на големиот тениски турнир.

Вака изгледа кога „светот“ ќе се обедини за да подобри нечие расположение.

„Таа тренира за ти да ги видиш вистинските чекори“ – напиша Криси Тиген.

„Таа пропушти да те види како освојуваш 23 гренд-слем титули, но и покрај тоа ќе знае дека си најдобрата тенисерка на сите времиња. Не грижи се, ќе имаш илјадници магични моменти со неа!“

„Не се важи додека мама не го види. Ништо не се важи додека мама не го види.“

„Ја изгубив мајка ми пред еден месец. Никогаш не дознав дали таа ги виде моите први чекори, но она што го знам е дека тоа што беше мајка која работи ме направи силна, жилава и ми покажа како да бидам самостојна… Тие лекции ме водеа низ деновите. Не биди строга кон себе!“

„Таа ја има Серена Вилијамс за мајка, нема да биде ни малку лута. Престани, ти си Бог меѓу луѓето.“

„Прашање на време е кога ќе стане твој партнер во тренинзите.“

„Во ред е, таа само вежба. Таа сака да вежба додека ја нема мама за да може да ѝ приреди подобро шоу.“

„Исто. Се сеќавам на патувањата на мајка ми, количињата кои ми ги купуваше од аеродромот во Амстердам кога ќе ми ги пропуштеше родендените сè уште ми се омилените подароци. Никој од нас не се сеќава на моите први чекори, но лекциите кои ги научив од начинот на кој таа го живее животот се многу ценети.“

„Го пропуштив последниот ден во градинка на ќерка ми и нејзиниот прв настап на сцената, и двете поради работа. Ќе има уште многу можности да бидеш присутна и многу што ќе ги пропуштиш. Секојпат чувството е ужасно, но секој родител што работи го искусил тоа.“

„Мајка ми ги пропушти сите мои први нешта. Таа беше самохрана мајка која работеше две работи и се чувствуваше лошо поради тоа додека пред 2 години не ѝ кажав дека за мене не беше важно, бидејќи тоа значеше дека таа работеше напорно за да ми даде живот. Твојата ќерка ќе знае зошто и ќе те гледа како херој.“

Ова се само дел од илјадниците коментари на популарната социјална мрежа за најдобрата тенисерка на светот.

Во коментарите, Вилијамс ги сподели фотографиите од првите чекори на Алексис Олимпија.

Алексис Олимпија е првото дете на Серена и Алексис Оханијан, кои стапија во брак во ноември минатата година.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk