← НАЗАД НА БОЗА

Сестрите Џенер повторно вмешани во скандали

Сестрите Џенер повторно вмешани во скандали
171 Читања

Викендов Кајли Џенер и Тревис Скот беа забележани како го напуштаат хотелот Miami Beach.
Двојката беше облечена во спортска облека, но сепак целото внимание го привлече лицето на младата мајка.

На него можеше да се забележи модринка која таа се обиде да ја прикрие со нејзиното палтенце, но безуспешно.
Околу приказната во Холивуд се појавија две теории.
Првата укажува дека модринката настанала како резултат на хируршки зафат, а втората дека настанала поради нанесен удар.

Покрај Кајли, во медиумите се рашири и веста за хоспитализирањето на нејзината сестра Кендал. Пред да се појави на Оскарите, таа доживеала лоша реакција од витаминска инекција која помага во зголемувањето на енергија, губењето на килограми и ја прави кожата сјајна.

Ријалити ѕвездата била примена во медицинскиот центар Cedars Sinai каде веднаш била третирана, но пуштена за кратко време.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk