Потребни состојки:
150 гр путер,
125 гр шеќер во прав,
ванилин шеќер,
3 жолчки од јајце,
50 гр сецкани бадеми,
125 мл слатка павлака,
Готова кора за торти и колачи,
1 лажица какао
Начин на подготовка:
Пенасто матете го путерот, постепено додавајте шеќер и ванилин шеќер. На изедначената смеса додадете ги жолчките една по една, бадемите и слатката павлака. Готовите кори за баклава поделете ги на два дела. Првиот дел ставете го на плех, врз корите нанесете од филот, преку филот ставете пак кора, и останатиот фил. На крај посипете ја тортата со какао.
