Шнолите за коса се едноставни и модерни декорации кои и обичното коњско опавче лесно ќе можете да го претворите во гламурозна фризура. За да го прескокнете шопингот креирајте ја сами.
Одбирате цврст конец со кој ќе ги закачите монистрите на иглата.
Бојата и формата на украсите кои ќе ги прикачите на шнолата изберете ги по своја желба. Шнолата на која ќе ги прицврстите монистрите пабарајте ја во својата кутија за накит.
За да ја изработите оваа шнола ќе ви требаат ножици, игла и конец. Украсите подредете ги по желба и внимавајте да бидат со иста должина како и шнолата.
Прво издвојте една монистра и прицврстете ја со конецот потоа наредете ги останатите и зацврстете со конецот. Вашата гламурозна шнола е завршена. Со неа зацврстете ја и украсете ја косата или подарете ја на пријателката.


