Motherhood

Што да направите ако вашето бебе плаче кога се разделува од вас?

Да се поздравите со вашето бебе и да си заминете не е воопшто лесно, а кога тоа е проследено со плачење, врескање и „лепење“ за вас, тогаш е речиси невозможно. Сепаратистичката анксиозност или стравот од разделување е нормален дел од развојот на бебињата кој се појавува околу шестиот месец од животот. Можеби вас ве плаши фактот што вашето инаку среќно и насмеано бебе почнува да липти во моментот кога вие ќе се изгубите од неговиот поглед, но тоа е сосема нормална и здрава фаза.

Сепаратистичката анксиозност всушност е голем чекор напред во интелектуалниот и емоционалниот развој на вашето бебе. Тоа сега за прв пат почнува да размислува за вас додека ве нема. Бебињата прво учат за вашето заминување, а дури потоа сфаќаат дека се враќате, па сосема е нормално да се возменират кога родителите ќе „исчезнат“. Тие се свесни дека нешто им недостига, а во овој случај тоа сте вие.

Стратегија за заминување

Кога вашето бебе ќе разбере дека откако ќе заминете, вие се враќате анксиозноста почнува да се намалува. Ова можете да го вежбате со едноставни игри како криенка. Покријте ја главата со ќебе, а потоа откријте му се вашето бебе со многу енергија и смеење. Потоа обидете се малку подолго „криење“ така што ќе ја напуштите собата на минута или две. Ако плаче можете да му пеете или зборувате од другата соба, така што ќе знае дека сте близу и покрај тоа што не ве гледа. Тоа ќе му покаже да вашето бебе дека ќе се вратите, и тоа ќе се чувствува сигурно, иако вие не сте во неговата непосредна близина.

Искрадувањето можеби ви изгледа како лесен излез, но ако вашето бебе почне да ве бара, а вас ве нема, тоа ќе мисли дека сте изчезнале. Наместо да го шокирате на овој начин, смислете позитивен ритуал за заминување, со поздравување, бакнување, па дури и краток танц или песничка.

На крај, колку и да ви изгледа сурово, можеби ќе морате да го оставите вашето малечко во солзи. Ако се колебате и предомислувате, бебето ќе ја воочи вашата неодлучност и ќе стане уште повознемирено бидејќи ќе мисли дека вашето негодување доаѓа од несигурност во однос на личноста со која го оставате. Заминете си нежно, но одлучно, а вашето бебе лесно ќе се смири со оној со кој сте го оставиле.

Write A Comment