Cafe Del Mar

Што е поефикасно: Брзо одење или трчање?

Можеби ви е тешко секојдневно да одите на тренинг во исто време, но добрата вест е што кога конечно затопли, постојат многу вежби кои можете да ги правите на отворено и без надзор на тренер.

Кардио вежбите се најдобар пример. Тие воедно се добри за одржување на линијата и здравјето. Лесни се за изведување и ефикасно ги согоруваат калориите. Брзото одење, пливањето и трчањето се само дел од овој тип на вежби.

Постои вистинска дебата околу нивната ефикасност, па затоа денес ви ги откриваме сите предности и недостатоци на брзото одење и трчањето.

Предности:

Голем број на луѓе сметаат дека трчањето троши повеќе калории, што е вистина. Но, не е така едноставно кога се работи за калориите. Тука, брзината е најважниот фактор.

Ако трчате полека, а одите брзо, тоа значи дека со брзото одење ќе потрошите повеќе калории.

Истото се однесува и на должината – ако подолго можете да одите, отколку да трчате, тогаш одберете го брзото одење.

Што се однесува до предностите околу здравјето, и трчањето и брзото одење позитивно влијаат на здравјето на срцето и крвниот систем.

Недостатоци:

Брзото одење со себе носи мал ризик од повреди, во однос на трчањето. Сигурно е за сите лица независно од возраста, полот и тежината.

Но, малото вложување во квалитетна опрема за трчање може многу да се исплати. Трчањето е вежба со посилен интензитет, па затоа мора да размислите за безбедноста.

Ниту една од вежбите не се препорачуваат за лица со веќе утврдени медицински проблеми со грбот и колениците, што е најголемиот недостаток на овие кардио вежби.

Write A Comment