Motherhood

Што треба, а што не треба да правите во бременоста ?

Само неколку промени во бременоста, можат да го подобрат и здравјето на Вашето дете. Малку подолу, се наоѓа листа од работи кои треба да ги правите за време на бременоста и такви кои не смеете да ги правите, односно треба да ги избегнувате. Во секој случај, секоја бременост е посебна, т.е. не вредат секогаш општите правила, па околу ставовите од оваа листа, разговарајте и со лекар.

Што треба да правите во бременоста:

– Договорете редовни лекарски прегледи и забележете ги во планер.

-Јадете храна богата со витамин и минерали, разговарајте со лекар кој ќе Ви каже дали Ви се потребни кекои суплименти.

-Разговарајте со семејството, искуства од раната бременост, за да избегнете генетски условена состојба

-Добро јадете и следете ја програмата со телесни вежби, препорачана од Вашиот лекар. Немојте да престанете да се движите во бременоста.

– Јадете здраво и умерено. Немојте да бидете на диети за слабеење. Не е добро премногу да се здебелите за време на бременоста, но не смеете да држите ни диети, особено самоиницијативни, без надзор на лекар.

– Секојдневно правете Кегелови вежби.

-Дишете свеж воздух.

-Отворете ги прозорците и просветлете го станот.

Работи кои не треба да ги правите во бременоста:

-Избегнувајте свежа храна како суши или недоволно печено месо.

-Избегнувајте одредени видови риба кои содржат жива.

-Избегнувајте брза храна која е богата со калории, а сиромашна со нутриционистички хранливи супстанци.

-Немојте да претерувате со витаминските додатоци.

-Не пушете и не седете во простории со пушачи.

-Намалете ја употребата на вештачки козметички производи.

-Немојте да го фарбате или да го лакирате мебелот. Не престојувајте во простории кои се свежо фарбани.

-Избегнувајте контакти со пестициди, фунгициди и хербациди.

-Кај чистењето дома, префрлете се на природни средства, исфрлете ги од употреба сите хемикалии.

-Избегнувајте алкохол.

-Внимателно со лековите! Лековите кои се сигурни за употреба возрасни, можат штетно да влијаат на детето.

-Внимателно со домашните миленици. Освен љубов и друштво, тие носат ризик за нероденото дете.

-Кога сте во близина на мачки, ставете заштитни ракавици. За време на бременоста, најдобро е мачките да се избегнуваат.

-Немојте да одржувате превисока температура на воздухот.

-Избегнувајте сауни.

-Намалете то нивото на стрес.

-Немојте да се изложувате на рендгенски зраци.

Внимателно кај…

Намалете ја употребата на компјутери, мобилни телефони, микробранови печки. Исто така, избегнувајте ги бојлерите и електричните ќебиња. Намалете во внесот на кофеин. Префрлете се на пиење вода од шише. Внимавајте со генетски модифицираната храна…

Ова се само некои совети на кои би требало да се придржувате. Листата не е полна, така што секојдневно треба да се информирате и да се консултирате со Вашиот лекар за работи кои на листата ги нема, а би можеле да бидат штетни за здравјето на Вашето дете.

Напиши коментар