← НАЗАД НА БОЗА

Шведска диета

Шведска диета
110 Читања
Овој режим на исхрана пропагира намалена количина на јаглени хидрати, а акцентот го става на мастите и протеините.

Не морате потполно да се откажете од благо, затоа што постојат и дозволени варијанти, а освен тоа, секогаш сте сити, здрави и полни со енергија.

Дозволени намирници

– Сите видови месо
– Сите видови риби и ракови
– Јајца на сите начини
– Зеленчук кој расте над земја (зелка, кељ, брокула, тиквици, маслинки, домат, спанаќ, печурки, зелена салата, авокадо, пиперки)
– Млечни производи со висок процент на маснотии (јогурт, путер, павлака, кајмак, сирења)
– Јаткасти плодови (семки од сончоглед, ореви, семки од тиква, бадеми, лешници, индиски ореви, бразилски ореви)
Дозволени понекогаш
– Зеленчук како цвекло, морков, репка и целер
– Овошје. Доволна е една овошка дневно наместо десерт, а посебно препорачливи се малините.
– Чоколадо со висок процент на какао 2 пати неделно (над 70% какао)Не е дозволено!!!– Шеќер, купечки сокови, газирани пијалаци, тестенини, колачи, сладолед, мусли и вештачки засладувачи
– Житарки и скроб (леб, ориз, тестенини, компир, чипс, каши)
– Маргарин и рафинирани масла
– Алкохол, особено пиво

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk