Некои места нè вооодушевуваат на прв поглед, како ова прекрасно смарагдно езеро на италијанските Доломити.

Планинскиот венец Доломити во источна Италија се одликува со прекрасна природа и високи врвови. На 1. 500 метри надморска височина, во областа на Јужен Тирол се крие смарагдниот планински бисер, езерото Lago di Brajes. Тоа не е толку познато како Комо, Маџоре и Гарда, но сигурно е вредно да се спомне и посети. Тиркизната, зелената и сината боја на кристално чистата вода се прелеваат на сонцето, додека на површината се гледаат планинските врвови.
Според легендата, некогаш одамна дивјаци дошле на планината за да ископуваат богатство. Локалните овчари биле љубоморни на нив и се обиделе да им го украдат златото. Меѓутоа, дивјаците се сетиле како да го зачуват засекогаш: отвориле извор на вода, кој го покрил златото и го сокрил.
Покрај легендите, се знае дека овој бисер на природата настанал по лизгањето на земјиштето, а потоа карпите ја пресекле реката Brajes и го формирале најголемото езеро на Доломитите. Долго е околу 1. 200 м, широко 300-400 м, а длабочината достигнува до 36 м. Прекрасните предели околу езерото обраснати со шума најдобро е да се истражуваат пешки или на велосипед, има многу места за пикник, додека пловењето со изнајмен чамец е идеален начин да се доживее оваа убавина во вистински смисол.
Најдоброто време за посета е летото, кога и водата е најтопла, но и понатаму е доволно ладна за да ве освежи.
Меѓутоа, кога и да го посетите, ќе ја доживеете вистинската магија затоа што езерото е прекрасно во текот на целата година, додека околната шума се менува од зелена, преку златно-жолта до зимско бела, а сето тоа се отсликува во кристално чистата вода.
