Дали знаете дека само со помош на декоративни елементи можете да направите од вашето живеалиште вистинско ремек дело? Обоете ги ѕидовите во некоја егзотична боја, залепете украсни тапети, обоете ги старите парчиња мебел, изберете ново платно за старата гарнитура, поставете многу перничиња во различни бои, форми и димензии, сменете ги старите килими, поставете неколку големи саксии цвеќе и слики на повеќе места во домот и со малку средства можете да се радувате на сосема нов и модерен дом.























