Здраво тело

Силата на имунитетот зависи најмногу од исхраната до 12-сет годишна возраст

Бидејќи нашиот имунитет започнува да се формира уште во утробата на мајката и созрева на 12-ет годишна возраст, логично е да се стигне до заклучокот дека неговата сила зависи од исхраната до тој период.

Кога детето се раѓа, практично има стерилни црева и од исхраната во првите неколку часови, денови и месеци од животот зависи неговиот имунитет. Имено во цревата се наоѓа бариерата што го спречува проникнувањето на вирусите, бактериите и паразитите. Полезните бактерии исполнуваат заштина функција и ако тие се во оптимален број ја елиминираат патогената флора.

Полезните бактерии навлегуваат во организмот на детето заедно со мајчиното млеко. Мајчиното млеко содржи пробиотици – материи одговорни за развојот на сопствената микрофлора во цревата на детето. Неколку капки мајчино млеко веднаш после раѓањето е еден вид вакцина против инфекции и вируси.

Идеалната варијанта е детето да конзумира мајчино млеко првата година од својот живот. Педијатрите советуваат барем до 6 месечна возраст детето да не се прихранува и да не му се дава дури ни вода, зошто прима се што е неопходно преку мајчиното млеко.

Составот на кравјото млеко драстично се разликува од оној на мајчиното. Во литар мајчино млеко има 13 гр пробиотици, а во 1 литар кравјо млеко само 0,1 гр. Во кравјото млеко има многу помалку железо, чинк, јод, витамини Ц и Е. Содржи 3 пати повеќе белковини и поради тоа се усвојува потешко и може да предизвика микротрауми на цревата.

Напиши коментар