Motherhood

Сите среќни бракови го имаат ова тридневно правило!

Применете го и вие.

Дали ја знаете изреката “секој гостин за три дена”?

Сега е вистинското време да почнете да ја сметате оваа поговорка за правилна. Имено, психолозите докажаа дека секоја посета на вашиот дом што трае подолго од три дена лесно може да ја наруши хармонијата на вашата врска, да ве исцрпи физички и психички и да ве наведе на расправии за работи за кои инаку се согласувате.

Иако ова може да изгледа како ситуација која не може да се избегне и дури не можете да го замислите начинот на кој на гостите би им рекле дека не се добредојдени повеќе од три дена, сепак се работи за одржување на здрав брачен однос.

За вие или вашиот сопруг да не бидете исфрустрирани затоа што морате цела недела да шетате целосно облечени во сопствениот дом, или затоа што треба двапати повеќе да чистите и да готвите, обидете се да најдете начин да им кажете на гостите за новото правило без да ги навредите.

Ние веруваме дека повеќето од нив нема да се лутат, а единственото нешто што може да го очекувате за возврат е истиот третман, кој изгледа доста фер.

Напиши коментар