← НАЗАД НА БОЗА

Сјај во вашиот outfit, сјај во очите …

Сјај во вашиот outfit, сјај во очите …
130 Читања

Нова Година се приближува, ја чекавме цела година, дури и кога во август танцувавме по песокот, немаше да се противиме доколку за миг не телепортираа покрај елка со подароци, вкусна храна и нашите омилени луѓе.

Традиционално прославуваме со вечера или подолг ручек, а зошто не и забава. Прашањето што да носите е валидно, секогаш, секоја година. Имаме неколку добри решенија за вас.

Облеката треба да зрачи со празнично расположение и почит кон празникот, домаќините, масата, храната. Исто така треба да имаме на ум каде ќе одиме – дали сме дома, со блиски пријатели, родители.

Се инспириравме од Нова Година во Париз – и покрај студот, парижанките (на секоја возраст), изгледаат беспрекорно.

И во најмал детаљ – од коса до нокти, се до хулахопките и здолништата.

Поводот овозможува да се жртвуваме и да ги обуеме токму оние чевли кои си ги купивме уште летото и одложувавме да ги обуеме, бидејќи ќе не болат нозете.

Но, елеганцијата на висока нога е неопходна!

Бидејќи ова е многу личен празник, ги избегнуваме готовите комбинации.

Веруваме дека секоја девојка би го додала токму оној фин детаљ, кој би ја играл улогата на совршен завршеток на секој фустан. Сепак мислиме да се навратиме на неколку клучни зборови за оваа сезона – кадифе, сребрени чевли, палто, oversize џемпер, елегантно здолниште …

Дозволено ни е да блескаме колку што ќе посакаме. Како вистинска Новогодишна ѕвезда. Тука стапува на сила целиот сјај што го чувавме во текот на годината – диско фустани, светки, додатоци во вибрантни бои.

И не заборавајте – дури и најсофистицираната облека нема да ги замени погледите на вашите најблиски. Кои што исто би ве гледале и доколку носите пижами. Кои, патем, се вистински хит за оваа зима …

Но, да го оставиме тоа за подоцна!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk