← НАЗАД НА БОЗА

СКАНДАЛ поради навреда на ЛГБТ луѓето!

СКАНДАЛ поради навреда на ЛГБТ луѓето!
71 Читања

Поради навредливи коментари, комичарот беше уценуван, а потоа и рече на Американската филмска академија – збогум!

Актерот и комичар Кевин Харт во средата беше најавен како водител за доделување на Оскарите, а веќе во четвртокот вечер во САД, тој се повлече од таа позиција.

Харт беше осуден од јавноста, откако ги објави своите нови „тезги“, затоа што некој ги „ископа“ неговите стари твитови во кои ги навредува хомосексуалците. Харт, во своите твитови напишани во 2009 година, ги опиша феномените или луѓето кои не му се допаднале опишани како „толку геј“.

Комичарот најпрво објави дека се надева оти јавноста ќе сфати дека тој „сигурно еволуирал“ за скоро десет години, колку што има поминато од контроверзните твитови, а потоа најавил дека е уценуван!

“Академијата ми нареди да се извинам јавно или ќе ме заменат, јас одлучив да се повлечам, не сакам моето присуство да го одвлекува вниманието од церемонијата која слави толку достојни уметници”.

Искрено и се извинувам на ЛГБТ популацијата за грдите зборови напишани во минатото, “пишува тој на Твитер.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk