Мода

Скапоцени аксесоари од 24 каратно злато и крокодилска кожа

Произведувачот на аксесоари од егзотична кожа, Stalvey, сакал да ги радрма моменталните модни трендови со неверојатна идеја, која вас сигурно ќе може да ви остави моќен впечаток каде и да се упатите…

Овој њујоршки бренд пред некое време ја претстави ташната од 24 каратно злато и крокодилска кожа, како и пратечки колекции на аксесоари. Тие станаа прв бренд во историјата на модата кои вметнаа 24 каратно злато во егзотична кожа, што никако не било лесno. Целиот тој процес барал преку 2 години истражување и развој, што на крајот дефинитивно вил вреден трудот, бидејќи многу познати личности веќе имаат нарачано некои од овие феноменални аксесоари.

Единствената колекција на аксесоари и торби на овој бренд има донекаде униформиран изглед, карактеризиран со луксузна и елегантна кожа во нежно златна боја. Артиклите од 24 каратно злато имаат свој единствен печат и доаѓаат со потврда за автентичност. Секој од овие предмети исто така доаѓа со единствен детал од месинг.

Во нивната колекција се наоѓа Top Handle 2.0 мини ташна со цена од 35.000 долари, Top Handle 3.5 голема ташна со цена од 100.000 долари, мала торба 50.000 и голема торба за носење преку рамо која чини 59.000 долари.

По цена од 27.000 долари можете да купите Aliza Framed торба, додека Adysen Envelope торбата ќе ве чини 26.000 долариу. Покрај тоа, достапна е и луксузна перница со цена од 22.500 долари како и убаво плишано мече со цена од 32.000 долари.

Веројатно не ги очекувавте тие цени, но крокодилската кожа и 24 каратното злато доаѓаат со свои цифри.

Write A Comment