Мојата кујна

Сладолед од ананас и манго

Домашениот сладолед е многу поедноставно решение отколку шопинг. Пред се затоа што имате контрола намирници ги користите, а и подолго трае. Домашен сладолед направен од манго и ананас е летен деликатес бидејќи вкусот на ова тропско овошје освежува, а за негова подготовка потребни се само неколку состојки. Во овој рецепт нема многу шеќер, значи здраво и вкусно!

 

Состојки:

200гр ананас

1 манго

0,5л кокосово млеко

2 лажички агаве сируп

Измешајте го кокосовото млеко, парчињата ананас и мангото во блендер и бледнирајте додека не добиете хомогена мешавина. Ако сакате додадете агаве сируп, мед или некој друг природен засладувач. Можете да ја истурите мешавината во калапи или чаши од јогурт и да стивите стапчиња за сладолед или можете да ја истурите во коцкаста чинија за да го добиете сладоледот што ќе го вадите со лажица.

Ставете го во замрзнувачот најмалку 6-8 часа. Послужете со парче овошје, прелијте со чоколада или попрскувајте со ореви.

Напиши коментар