Cafe Del Mar

Сланина за диета: Нутриционист вели дека можеме за 10 дена да изгубиме 10 килограми

Липосукцијската диета бара исфрлање на штетната храна, но не и гладување.

Се поблиску се зимските празници кога е многу лесно да подлегнеме на искушението, на празничната трпеза, и качиме некој килограм повеќе.

Тешко ви  е да излезете за време на ладните денови и да одите во теретана, со цел да ја изгубите посакуваната тежина, и во морето од диети не знаете која да ја изберете, бидејќи речиси сите имаат јо-јо ефект и за нивно ефективно функционирање потребно е да помине подолго време.

Сепак, како би реагирале ако ви кажеме дека за 10 дена можете да стопите 10 килограми.

Звучи неверојатно, нели?

Но, всушност е сосема возможно благодарение на диета за липосукција. Покрај тоа, со оваа диета Кенан Мандра, босанскиот нутриционист на “International Health”, кој ја измислил диетата, изгубил 40 килограми за два месеци.

Оваа диета вклучува месо, риба, јајца, полномасни млечни производи и избегнување на индустриска храна, алкохол и кафе.

“Во поширока смисла, липосукцијска исхрана значи јадење масти и протеини, а никако не смеат да се внесуваат шеќери и јаглехидрати. Покрај тоа, од масти добиваме многу повеќе енергија отколку од иста количина на јаглехидрати, бидејќи човечките клетки се изградени за да ја користат енергијата од мастите. Очигледно, природата ги замисли мастите како наш главен извор на енергија, а не јаглехидратите. Токму на овој факт се базира липосукцијската прехрана “, открива Мандра.

За кратко време оваа диета освои голем број на многу познати личности како Сузана Манчиќ, но, наводно, им помогнала и на Моника Белучи и Џенифер Анистон, кои благодарение на липосукцијската исхрана имаат феноменална линија.

Напиши коментар