Мода

Следната IT ташна: моделот Celine, кој го сакаат сите познати личности конечно е во продажба

Веќе сега мега популарната ташна со име “16” е достапна на интернет во осум нијанси.

Откако оваа есен Лејди Гага добро ја промовираше носејќи ја во Париз и на филмскиот фестивал во Венеција, а подоцна и кај Анџелина Џоли, сега веќе познатата Celine ташна со име “16” конечно е пуштена во продажба.

Брендот Celine оваа сезона започна ново поглавје во својата историја со новиот креативен директор Hediem Slimane, а оваа ташна е првиот модел од колекцијата која и беше откриена на јавноста.

Првиот примерок од ташната беше даден во рацете на Лејди Гага, а таа ја направи промоцијата врвна, како што се очекуваше.

Ташната наводно се изработувала цели шест месеци, бидејќи дизајнерот ја барал најлуксузната кожа што постои. Сега конечно им е достапна и на останатите смртници, но по цена од 3200 евра, а може да се нарача онлајн во осум нијанси.

Напиши коментар