Доколку сакате да јадете овошје за доручек тогаш лесно овошно смути е вистинскиот избор за вас. Со оглед на тоа дека е сезона на малини и праски, искористите ги токму овие овошја за да подготвите превкусено смоти.
Состојки:
– 150 гр малини
– 2 праски
– половина банана
– 1 шоља јогурт
– 1 лажичка мед
– сок од пола лимун
Состојките ставите ги во блендер и добро изблендирајте.
Совет:
Две топки сладолед на кој ќе ставите неколку лажици од направеното смути е исто така идеален десерт за топлите денови..