Убавина

Со компир против подочници, а со песок против целулит

Секаде во светот жените имаат различни ритуали за убавина. Убаво е да знаете како тоа го прават другите жени, можеби токму нивниот трик вам ќе ви помогне.

Во Бразил жените се масираат со ситен песок од плажите. Тоа ја забрзува циркулацијата на кожата, а со тоа забрзано се топат масните наслаги и целулитот. Затоа пробајте и вие.

Во Шпанија жените имаат одличен трик за подочниците. И верувајте навистина делува. Само ставете облоги од тенки листови свеж компир на подочниците. Ефектот ќе го добиете веднаш.

Во Зимбабве жените се полни со енергија и имаат брз метаболизам. Дали знаевте дека тајната за брз метаболизам е топлиот чај со многу лимон? Пијте го секојдневно и ќе се уверите.

Ако сакате убава коса како на индијките тогаш еднаш неделно масирајте го скалпот со кокосово масло. Тоа ќе и даде неверојатен сјај на косата, а воедно ќе го забрза и растот.

Напиши коментар