Здраво тело

Со солена вода до совршено тело

Позитивните ефекти  на водата со лимон ни се веќе познати. Наместо овој пијалок, во последно време се повеќе и повеќе луѓе  се свртуваат кон солената вода.

Често слушаме дека во прекумерни количини тоа е лошо за нашето здравје, но ретко се зборува за придобивките и позитивниот ефект врз телото.

Поточно, комбинацијата на чиста морска сол и вода, како дел од редовната нутритивна рутина, може да го регенерира нашето тело благодарение на минералите во оваа напивка што имаат висока хранлива вредност.

Измешајте 3 децилитри вода со малку сол и пијте го за доручек или во текот на денот.

Добри страни:

Правилна хидратација

Познато е дека  можно е да се пие премногу вода, но,  во во тој случај доаѓа до недостаток на натриум во телото, што води до хипонатремија. Во исто време, му помага на телото да ја апсорбира водата и да го одржува балансот на натриумот во телото.

Детоксикација

Солената вода содржи минерали кои помагаат во природната детоксикација на телото и елиминација на штетните токсини.

Несоница

За оние кои страдаат од несоница, со солената вода можат да дојдат до решение на проблемот. Природните минерали во сол го смируваат телото и нервниот систем и го намалуваат нивото на кортизол во телото, т.н. стрес хормон кој често не ни дозволува да заспиеме.

Кожа

Сите сакаме здрава и убава кожа, а во тоа исто така може да ни помогнат минералите што се наоѓаат во солта. Ги намалуваат акните, егземата, ја одржуваат кожата мазна и чиста.

 

Напиши коментар