Cafe Del Mar

Сок од јаболко кој ги топи килограмите!

Само за неколку минути можете да направите сок за детоксикација, кој ќе ви го зајакне организмот,ќе ви помогне да ги намалите килограмите и ќе ви даде дополнителна енергија.

Потребни ви се две јаболка, две стапчиња цимет и еден литар негазирана вода.

Измијте ги јаболката и исецкајте ги на ситни парчиња. Ставете ги во шише заедно со циметот и негазираната вода. Пожелно е шишето да одстои 5 до 8 часа во фрижидер. После неколку часа сокот е спремен за конзумирање.

Кога ќе го испиете сокот, повторно додадете литар вода, а таа постапка можете да ја повторите и наредниот ден.

Истите состојки можете да ги користите 3 дена.

Write A Comment