Мојата кујна

Солени тиквички: И мирис и вкус и изглед!

Меки и вкусни тиквички кој никој не го оставаат рамнодушен …

Состојки

брашно 400 гр

пире од тиква 200 гр

млако млеко 50 мл

млака вода 50 мл

свеж квасец 25 гр

јајце 1

жолчка 1

прашок за пециво 1/2 кесичка

шеќер 1/2 лажичка

сол 1/2 лажичка

белка 1

маргарин 50 гр

Подготовка

Тиквата сварете ја, изладете и испасирајте.Во поголем сад ставете брашно, додадете пире од тиква, додадете го јајцето, жолчката, сол, шеќер, прашок за пециво и истрошете го квасецот во млекото и водата. Измешајте и замесете фино мазно тесто. Тестото оставете го да надојде, па поделете го на 4 помали топки. Топките фино формирајте ги, па земете канап и со него формирајте ги тиквичките. Потоа премачкајте ги со белка. На секоја тиквичка ставете по малку маргарин. Печете на 200 степени 25 минути.

Пријатно!

П.С. ДОДЕКА СЕУШТЕ СЕ ТОПЛИ ТИКВИЧКИТЕ КАНАПОТ ПОЛЕКА СИМНЕТЕ  ГО И ПАЗЕТЕ ДА НЕ СЕ ОДВОЈАТ ПАРЧИЊАТА.

Напиши коментар