Депилирањето на наусниците можеби звучи како едноставна работа која можете да ја направите дома, но не е така едноставно. Ви даваме неколку професионални совети со кои ќе се решите од вишокот влакненца, без непотребни болки и осип после третманот.
Депилирајте се пред големо огледало. Потребно Ви е стабилно огледало и две слободни раце. Вежбајте нанесување восок на другите делови од телото, за да стекнете искуство. Особено внимавајте восокот да биде топол, не жежок. Лентите со ладен восок делуваат како логичен избор, но подобро користете топол восок – понежен е и помалку леплив.
Прибор – Купете прибор за депилација. За да се депилирате, потребно е да имате доволно долги влакна. Врзете ја косата за да не се излепите и измијте ги рацете.
Подготовка – Лицето не е потребно да се чисти или мие со топла вода. Нанесете само беби – пудра, но не претерувајте.
Зони – Работете по подрачја. Поделете ги наусниците на три дела кога ќе нанесете восок.
Водете сметка за насоката на нанесување – Нанесете восок еднакво, во правец на растењето на влакната, задолжително со дрвено стапче, прво на левата страна. Бидете внимателни. Лентата исто така се става во правец на растот на влакната, со тоа што се остава малку лента на крајот, за да има за што да ја фатите. Лесно притиснете и израмнете со рацете за да се осигурате дека восокот е попримен.
И следува влечењето… Фатете ја лентата за крајот кој не е залепен. Кожата затегнете ја со другата рака и отстранете ја траката во спротивен правец од растот на влакната. Не влечете нагоре. Притиснете ја надразнетата и шокирана кожа за да ја смирите болката, по отстранувањето на лентата. Ако останало восок, натапкајте го со лентата и отстранете го.
И пинцетата добро би дошла – Со пинцета, отрстранете ги останатите влакненца. Остатокот од восок, отстранете го со беби – масло. На крај, нанесете на наусниците лосион или гел на база на алое вера.
