← НАЗАД НА БОЗА

Совети за зимско уредување на дворот или терасата

Совети за зимско уредување на дворот или терасата
272 Читања

Зимзелените растенија, украсните светилки, куќарки за птици, надвиречну греалки и убави декорации ќе ја претвори вашата (про)летна оаза во најубава зимска бајка!

Со доаѓањето на зимските ладни денови, растенијата ги префрлувате во затворено, а чадорите за сонце и лежалките од вашите дворови и тераси на кои сте уживале во текот на летото ги собирате со кои се одбележува започнувањето на удобниот зимски сон со следната сезона. Но нема потреба и вашиот двор и тераса да западнат во зимски сон и во нив да се двиожите само за чистење листови и снег.

Со неколку практични и креативни потега вашиот (про)летен цветен рај може да стане топла и удобна зимска бајка во која ќе уживате на сонцето со заби, првиот снег и останатите зимски радости. Ви даваме неколку едноставни совети за зимско уредување на дворот или терасата поради кои ќе престанете да жалите за пролетта.

Зимзелени растенија

Украсното растение со бобици е најдоброто зимско растение кое успева на ниски температури, а имаат и  декоративна улога за поубав зимски впечаток. Брзо растат, едноставни се за одржување, а квалитетни садници може да се најдат по доста пристапни цени. За гастрономска зимска понуда во вашиот двор или тераса тука се мајчината дучица, спанаќот и зимската салата.

Предноста на зимските билки е голема: зимно време многу почесто може да се најдат квалитетни садници отколку во топлите месеци, зимно време скроо и да нема штетни бубачки,зимзелените растенија не бараат посебно внимание, а за нивната декроативна улога доволно е да се следи златното правило “колку помалку, толку подобро”.Неколку декоративни зимзелени растенија кои природно го “украсуваат” ледот  ќе делуваат подеднакво атрактивно како и богата и разнобојна летна градина.

Украсни светилки

Надворешното осветлување во зима има важна практична и декоративна улога: порано се стемнува, такашто топлите и зимски ноќи најдобро е да се поминат токму во таква атмосфера. Украсните надворешни светилки за двор или тераса како што се ѕидните светилки, подните светилки или лампите че го прертворат вашиот дом во прав зимски дворец од бајка.

Препорачуваме класични украсни светилки инспирирани од старовремски фенери и свеќници коии ќе дадат доза на романтика и мистичност на терсата или дворот., особено доколку ги покрие снежна прекривка…

Перници и прекривки

Ладната зима и забестото сонце често не намамуваат на топол чај, кафе или супа на отворено. Покријте ја терсата или дворниот мебел со топли и меки прекривки и перници во кои  удобно зашушкани ќе уживате во зимската идила.

Зимата е обично асоцијација на ладни и класицчни тонови – токму затоа ви препорачуваме да се ушушкате во весели, разнобојни или карирани прекривки. Веселите бои во класичната зимска прекривка ќе ја направи зимската бајка уште повесела и поразиграна.

Греалки за тераса и двор

Надворешните грејалки ни овозможуваат вистински да уживаме на отворено во зима, во ладните утра со топол чај и веселите вечери со греено вино.

Препорачуваме елегантна, а сепак дискретна надворешна греалка која квалитетно ќе грее, а едноставниот нејзин дизајн многу лесно ќе ја вклопиу секаков тип на уредување на дворот или терасата.

Куќарка за птици

Помогнете им на птиците да ја преживеат зимата, а воедно и урасете го вашиот двор или тераса со атрактивно дизајнирана куќарка за птици. Куќарките и хранилките за птици се омилен дизајн за многу дизајнери кои на секоја тераса или двор внесуваат позитивен, топол и фамилијарен впечаток.

Препорачуваме едноставна и практична куќарка за птици која совршено ќе се вклопи во вашиот стил на уредување, каде со неколку едноставни потега можете сами да ја изработите и поставите онаму каде вас и на птиците најмногу ви одговара.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk