← НАЗАД НА БОЗА

Совршена комбинација на мода и уметност во новата ограничена колекција на ташни на Dior

Совршена комбинација на мода и уметност во новата ограничена колекција на ташни на Dior
33 Читања

Како легендарната “Lady Dior” ташна ја гледаат познатите женски уметници?

Диор феминистичката револуција веќе започна пред неколку сезони кога креативниот директор Maria Grazia Chiuri на ревијата ги прикажа маиците со натписот “We should all be feminists”, а неколку месеци подоцна таа маица ја носеше секоја светска трендсетерка.

Потоа, имаше колекција со натпис “Why are there no great women artists?”, поради што Диор доби бројни критики од историчарите на уметност и експертите од областа на феминизмот.

Сега на ред дојде уште една силна феминистичка порака, а тоа е ограниченото издание на колекцијата на ташни во кои познатите женски уметници направија своја верзија на легендарната Lady Dior ташна.

А ова се уметниците кои Dior ги ангажираше за оваа пригода: Mickalene Thomas,Li Shurui, Haruka Kojin, Polly Apfelbaum, Pae White, Lee Bul, Isabel Cornaro, Olga de Amaral, Burçak Bingöl, Janaina Tschäpe и MorganeTschiember.

Цените на овие колекционерски примероци ќе се движат почнувајќи од 4400 евра, а во продажба излегуваат на почетокот на 2019 година.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk