Убавина

Совршена шминка за на работа

За да останете убаво нашминкана во текот на целиот ден, пратете ги овие неколку совети и тоа нема да биде никаков проблем.

Течна пудра Пред сенката и руменилото, на лицето нанесете течна пудра, но не било каква. Важна е нијансата но и составот. Важно е пред течната пудра да нанесете хидратантна крема. Со хидратантната крема и течната пудра сенката и руменилото на вашето лице ќе биде постојано.

КоректорПодочницитеиспуканите капилари и други неправилности на кожата прекријте ги со коректор.  Важно е добро да се натапка додека неговата нијанса не се изедначи со подлогата.

Молив за очи и усниМоливот за очи и молив за усни помага во постојаноста на карминот на усните и сенката. Пред ставање капки сенка добро би било да се премачка со молив за очи, сива или со боја на кожата. Со моливот за усни можете да ги обоите и целосно усните, а потоа можете да нанесете и тенок слој сјај за усни.

Пудра во правСледен чекор е пудрата во прав која ја фиксира шминката која до сега сте ја нанеле. Пудрата се нанесува со голема четка.

Сенка За работниот ден најдобри се неутралните бои на сенка, особено светлосивата и светлокафена која под силно вештачко светло одлично ги истакнуваат очите.

Кармин за усниСе препорачува да се користат квалитетни долготрајни14 кармини. Светлите кармини треба да ги нанесувате со четкичка, а по класичниот кармин доближете хартиена марамица, па потоасо четка преку марамицата нанесете малку пудра во прав па потоа отстранете ја марамицата.

Write A Comment