Bridal

Совршени свадбени чевли

“Невестата мора да изгледа убаво и гламурозно, а вистинските чевли тука сигурно можат да помогнат. Чевли на потпетици, сандали, рамни или чевли со детали – изборот е ваш”.

Кога купувате облека и чевли за свадба, се знае што е најважно на светот. Тоа е венчаницата. И штом ќе се верите, сите веднаш ве прашуваат каква венчаница ќе носите. Кога конечно ќе одлучите каква венчаница ќе купите и ќе здивнете затоа што сте си го дозволиле најскапото парче облека што веројатно никогаш повеќе нема да го купите во вашиот живот на ред доаѓаат и останатите детали – обувки, долна облека, чорапи, вел, додатоци, накит …

Вистинските чевли ја чуваат главата.

Свадбените чевли се многу важен детаљ за кој што треба внимателно да размислите. Дали ќе имате еден пар чевли или повеќе изборот е ваш. Нашиот совет е еден пар чевли на висока потпетица и друг удобен пар и згоден за танцување цела ноќ. Сепак сакате да се забавувате на својата свадба и да уживате во дружбата и танцувањето.

  • Чевли со затворени прсти

Ако сте лице кое што не сака да ги покажува прстите или сезоната од годината не го дозволува тоа, размислете за чевлите со затворени прсти. Продавниците имаат огромен избор на свадбени чевли во разни нијанси, но ако се чувствувате смело изберете го елементот на изненадување со, на пример, украсена пета или нешто слично.

  • Чевли со ремен околу зглобот

Во изминатите неколку сезони, чевлите со ремен околу зглобот беа тотално in. Тие изгледаат прекрасно на ногата, но и на фотографиите и секоја жена ги сака за своите нозе.

  • Сандали

За венчавка на плажа или во летните месеци, сандалите се идеален избор на чевли за невестата. Во денешно време имаме прекрасни сандали кои одлично ќе прилегаат на убава венчаница. Сандалите се одлични за  танцување до доцните часови.

  • Чевли со детали

Ако сте посмели и сакате да бидете забележани, тогаш мора да носите чевли со детали. Ако сакате да бидете како вистинска принцеза, тогаш треба да носите малку кич и да си дозволите малку раскош. Ќе ги носите и по венчавката и тоа често. Таквите чевли се одлично дополнување на вашиот изглед кое ќе ве воодушеви.

  • Рамни чевли

Ајде да бидеме реални, чувството на комфорт на свадбата е многу важно. Особено ако планирате да танцувате цела ноќ. Рамните чевли се идеални како втор пар на чевли кои ќе ги носите по доаѓањето во ресторанот. А сигурни сме дека ќе ги носите и по свадбата. И тоа со насмевка на лицето.

 

Write A Comment