Кога, во 2014 година, Карл Лагерфелд на Шанел ревијата првпат ја претстави комбинацијата -фустан + патики, фашонистите не ја ценеле оваа иновација.
“Што е со нашите омилени чевли и балетанки?” Тие беа збунети. Денес, тешко е да се поверува, но фустаните и патиките во 2018 година, можеме да ги видиме насекаде: во street style, во канцеларии, на социјални настани, па дури и на црвените килими.

Но, за да го направите вашиот стил да изгледа шик и секси, важно е каков вид на фустан ќе изберете и со каков тип на обувки ќе ги комбинирате.
При изборот на најмодерната комбинација за 2018 година, ве советуваме да обрнете внимание на стилот на облекување и обувки, комбинацијата на нивните нијанси и детали во дизајнот.
Избравме за вас 5 најубави примери, кои се сосема соодветни за есента и сезоната 2019 година.



