Дали редовно пиете пијалоци или пак конзумирате конзервирана храна од лименки и ви се собрале поголема количина на празни лименки? Направете единствен сталак за вино и тоа без премногу мака.
Се што ви е потребно за оваа интересна полица за вино е :
- 4-12 (во зависност од колку голем сталак сакате) лименки од пијалоци или пак од домати
- Бела боја во спреј
- 3-4 бои во спреј (по избор)
- Лепак
- Картон и парче ткаенина
Од сите лименки извадете ги етикетите и нека бидат комплетно чисти и суви. Со помош на отварач за конзерви отстранете го дното на лименката, така да биде отворена од двете страни, но ако постојат остри рабови свртете ги краевите да не се повредите.

Внатрешноста на лименките обојте ја со боја од спреј, светла нијанса која ќе се вклопува со бојата на вашиот дом. Откако ќе ја обоите внатрешноста и надворешноста и тоа во бела боја, додека сеуште не е исушена ја лепите лименката една за друга во хоризонтален ред по 3.

Спојте ги со штипка додека лепакот во потполност не се исуши.
Откако лепакот ќе се исуши наредете ги во хоризонтални редови еден врз друг ред (во цик-цак) залепете ги, спојте ги со штипка и оставете ги преку ноќ да се исушат.

И тоа е тоа. Сталакот е спремен за првата флаша вино.
