← НАЗАД НА БОЗА

Стапчињата со ким што нашите баби ГИ МЕСЕА СЕКОЈ ДЕН: подготвени за 20 минути!

Стапчињата со ким што нашите баби ГИ МЕСЕА СЕКОЈ ДЕН: подготвени за 20 минути!
85 Читања

Ги познавате ли оние старите, добри стапчиња со ким кои нашите баби ги служеа со чај?

Имаме рецепт баш за такви, а со калап можете да ги направите во различни форми – како переци, срца, квадрати, кругови …

Како и да свртите од трпезариската маса исчезнуваат за час, крцкави се, вкусни и исклучително лесни за подготовка.

Сусамот и кимот им даваат посебна арома и специфичен вкус, а останатите состојки се многу едноставни, дотолку што веројатно веќе имате сè во куќата!

Значи, подгответе го брашното, сирењето, маргаринот (путерот), јајцата и зачините – и вашите стапчиња наскоро ќе бидат готови!

Неопходни состојки:

*300 грама брашно (и 100 грама на страна).

* 250 грама ситно сирење

* 220 грама путер или маргарин (и уште 30 грама одвојте на страна)

* едно јајце

* сусам, ким, сол

Подготовка:

Измешајте 300 грама брашно, 220 грама маргарин на собна температура и 250 грама сирење и мешајте додека не се изедначи. Ако се лепи, додадете уште брашно.

Кога добро ќе го замесите тестото, растегнете го и премачкајте го со стопен маргарин. Преклопете го тестото, потоа повторо премачкајте го, а потоа оставете го во фрижидер еден час.

По еден час, извадете го тестото од фрижидер и повторно развлечете го, но да не биде премногу тенко.

Исечете го на ленти или со калап вадете ги формите по желба и редете ги на тепсијата на која што претходно сте ставиле хартија за печење.

Премачкајте ги со јајце, а потоа посипете со ким и сусам. Се печат во рерна на 190 степени од 12 до 15 минути.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk