← НАЗАД НА БОЗА

СТOПЕТЕ ГО САЛОТО ОКОЛУ ПОЛОВИНАТА со овие вежби

СТOПЕТЕ ГО САЛОТО ОКОЛУ ПОЛОВИНАТА со овие вежби
36 Читања

Вишокот на салото над колковите, од страна и од позади колковите, се нарекува спојлер.

Овој проблем зафаќа многу жени, но нема потреба да се фрустрираат бидејќи постои вежба насочена кон контроверзниот дел од телото.

Со цел да се истенчи половината и да ги измазните спојлерите, обидете се со вежбата препорачана од тренерот на познатата Nadya Fairweather.

Легнете на страна и свиткајте ги колената. Потпрете се под прав агол на делот од раката од лактот до дланката, а дланката на другата рака поставете ја на половината и подигнете го лактот во воздух. Подигнете го колкот најмногу што можете, па спуштете го. Повторете 12 до 15 пати и потоа префрлете се на другата страна.

Ако вежбата ви е премногу јасна, направете ја уште неколку пати, но со нозете поставени во положбата на страничен plank.

Нутриционистката Шона Вилкинсон препорачува да јадете целосна непреработена храна за да ги спречите спојлерите.

Јајцата се особено добар избор за појадок, бидејќи тие ќе ве држат подолго сити и ќе ве спречат брзо да посегнете по шеќерот.

Ако спојлерите сте ги добиле за време на менопаузата, нутриционистката ве советува да консумирате ленено семе кое ќе ви помогне со балансот на хормоните.

На крајот, тaa ве советува да јадете круша половина час пред поголем оброк, дневно, бидејќи содржи пектин кој се врзува со маснотииte и ја намалува количината што треба да се апсорбира.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk