Здраво тело

Супер моќни рецепти против болка, температура и кашлица

Нашите мајки и баби многу добро знаат дека нема подобар лек од природниот. Една супер моќна намирница, која се користи отсекогаш во природната медицина е кромидот.

Еве неколку негови намени кои веројатно не ги знаете

Болка во ушите

Болката во ушите е многу непријатна појава, но со помош на кромидот можете да се ослободите од истата за многу кратко време.

Исцедете го сокот од кромидот и малку загрејте го. Неколку капки ставете во болното уво а потоа лежете на спротивната страна од увото кое ве боли. После 5, 10 минути увото измијте го со млака вода. Третманот повторете го 2 пати дневно.

Мигрена

Доколку ве мачи мигрена, применета ја истата постапка за болка во ушите пред да си легнете, или пак само ставете парче кромид во ушите и оставете го да седи преку ноќ.

За симнување температура

Ова е иделано средство за деца. Доколку вашето дете има висока температура, исечкајте го кромидот на кругчиња и натопете ги во јаболков оцет. Потоа ставете ги на стопалата и ушите на детето. Ќе забележите дека жариштете ќе исчезне многу брзо.

Лекување на кашлица

Сокот од кромид е многу ефикасен природен сируп против кашлица, кој можете да го направите по следниот рецепт:

Состојки: 1 главица кромид и 2-3 лажици природен мед.

Подготовка: Изберете добра и здрава главица кромид со средна големина. Исчистете ја и исечете ја, па потоа ставете ја во длабока чинија и прелијте ја со мед. Чинијата покријте ја со тацна или со фолија и оставете да отстои на собна температура преку ноќ.

Следниот ден процедете ја смесата низ густа газа или цедалка. Течноста што ќе ја добиете ви е доза за еден ден.

Земајте по една лажица од добиениот сируп на секои 2 часа, а можете и почесто. Сигурно после кратко време ќе почувствувате дека дишете полесно и набрзо ќе почнете да искашлувате.

Напиши коментар