Мојата кујна

Супер веган брауни без печење

Потребни состојки:

150 гр.ореви

2 лажици  какао

150 гр. урми

150 гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

Во блендерот, прво се мелат оревите, ситно. После тоа, го додаваме какаото и заедно ги промешуваме двете состојки. Ги додаваме и урмите во блендер и блендираме се додека не добиеме хомогена смеса.

Ја средиме смесата во правоаголен плех, обложена со проѕирна фолија. Ставете го во замрзнувач 30 минути. Чоколадото за готвење го топиме на пареа, и истурете ја во претходно подготвената изладена смеса. Го ставаме плехот на фрижидер, на уште 30 минути. Извадете го десертот од плехот, извадете ја фолијата, исечете ги на коцки и сервирајте.

На здравје!

.

Напиши коментар