Cafe Del Mar

Таа е најсексапилна и најубава жена на светот, таа открива што јаде!

Ако ја прашате Хејли Болдвин, совршената линија не е толку тешко достапна.

Ќерката на холивудскиот актер Стивен Болдвин, минатата година беше прогласена за најсекси жена на светот. Сега таа откри како изгледа нејзиниот оброк и – можеби девојките би можеле да научат нешто.

Хејли се грижи за исхраната, пиење неколку шишиња со вода дневно, но далеку од тоа да  живее само со зелените лисја на салатите .

” Во поглед на исхраната јас сум многу строга, бидејќи тоа влијае на моето тело и кожа. Неодамна  кога бев во Малдиви, таму јадев све што посакав – сакам да уживм во моментот”, признава популарната манекенка.

Во текот на денот има три оброци.

“За доручек, обично јадам јајца или овесни снекулки. За ручек јадам зелена салата, риба на скара или сендвич. Се трудам да не јадам храна што содржи многу глутен. Сакам добра “Цезар ” салата. … Мојата вечера е иста како и ручекот. Може да биде  тестенини без глутен, пилешко месо, а понекогаш дури и десерт. Иако се обидувам да избегнам шеќер “, вели Хејли.

“Кога имам слободен ден, го јадам првото нешто што го сакам. Ако се будам и сакам да јадам палачинки јадам палачинки, но ако сакам чизбургер за ручек или вечера, јас ќе го јадам. И тоа со помфрит”.

 

Напиши коментар