Motherhood

Тајната на среќните деца

На сите нас ни се добро познати витамините од А до К од кои децата имаат потреба. Според некои последни студии во последно време науката се обидува да ја наметне неопходноста од нова група витамини кои се подеднакво важни и имаат голема улога за благостојбата на детето.

Витамин М – од музика

Вклучувајте најредовно музика и танци во атмосферата на вашето семејство. Ако децата се премногу мали танцувајте со нив во раце. Пејте заедно во кола, собирајте омилени музички парчиња…Можете да набавите некои елементарни музички инструменти.

Витамин П – од поезија

Учете ги децата на простички стихови и песни уште од најрана возраст. Раскажувајте им приказни и читајте им стихотворби за да се насладуваат на гласовите. Некои од нив имаат магично влијание врз децата.

Витамин Пр – од природа

Дајте им шанса на децата да го почувствуваат вкусот на лишената од човечко присуство околина. За сосема малите и дворот е доволен. Редовно носете ги децата во природа, планини, реки, езера, поточиња…Заедно дочекајте го залезот и изгрејсонцето. Бидете колку можете повеќе на отворено.

Витамин Х – од хумор

Го има насекаде, преминува од возрасните кон децата и обратно. Не е типичен за работната средина но може да се внесе деликатно и таму. Се разградува при носење на часовник.

Витамин Н – од надеж

Вложете труд во нешто позитивно – заштита на животната средина, животинскиот свет, кампување, прошетки на отворено. Воздржете се од мрачни претпоставки и закључоци, особено во присуство на деца.

Многу често заобиколени од компјутерни игри децата соживуваат со мислата дека задоволството можеш само да го купиш. Наша одговорност е да им покажеме една поинаква реалност.

Write A Comment