Motherhood

Тајната на среќните семејства

Психолозите тврдат дека семејната традиција е неопходна за среќно семејство и за здравјето на нејзините најмлади членови.

Тоа не мора да биде церемонијален обичај, но забавна рутина која се повторува секој ден, еднаш неделно или месечно. Мали семејни ритуали на кои децата им се радуваат, како на пример заедничко печење на колачи, месечни патувања или идење на шопинг или кино, заедничко јадење е нешто што се подразбира. Клучот е во стабилноста, што им е потребно на децата за да се  чувствуваат безбедно и сигурно. Еве ги  “состојките” кои го прават вашето семејство секогаш среќно …

Повеќе прегратки

Со допир, се пренесува конекцијата, па дури и со едноставно тапшање по рамото, има многу висока вредност.

Без брачни караници

Иако понекогаш е неизбежна, премногу караници имаат негативно влијание врз детето. Затоа избегнете ги караниците и подигање на гласот кога зборуваме за децата и потрудете се да ги избегнете караниците во присуство на децата, бидејќи тие може да сметат дека тоа е нормален модел на однесување и тие подоцна стануваат агресивни.

Љубовта е важна

Многу родители ги ставаат децата на прво место, и забораваат на бракот и на односите со својот партнер. За вашите деца треба да бидете пример и да им покажете како изгледа врска полна со љубов.

Играјте заедно

Тоа создава силни семејни врски и убави спомени. Играјте друштвени игри, цртајте, гледајте ги семејните фотографии …

 

 

 

 

Насмевката е лек

Со позитивниот хумор ќе создадете атмосфера, затоа почесто насмејте се.

Разговарајте со децата

Кога детето ќе се врати од училиште, прашај го каков му беше денот. Наместо да ја поминете ноќта гледајќи телевизија, обрнете внимание на вашето дете и разговарајте со него.

Напиши коментар