Motherhood

Телепатијата помеѓу близнаците: Чувствуваат иста болка и сонуваат исти соништа!

Оваа приказна ќе ве убеди дека телепатијата помеѓу близнаците е реална. Истражувањето спроведено од д-р Lin Cherkes, покажа дека еден од пет еднојајчани близнаци доживеале еден облик на телепатија.

Постојат многу приказни за посебниот однос помеѓу близнаците, но за телепатијата можат да зборуваат само оние кои ја доживеале.

Во пролетта 2009. година, Џема Хогтон (15) одеднаш доби силно чувство дека нејзината сестра близначка Лина е во неволја.

Џема веднаш се стрча кон тоалетот и ја најде својата сестра во несвест. Лина, која е епилептичар, доживеа напад во када и Џема и даде прва помош и го спаси нејзиниот живот.

– Почувсував одеднаш дека нешто не е во ред со неа. Тоа беше глас кој ми велеше: “Потребна си и на твојата сестра”- изјавила тинејџерката за новинарите кои пишувале за оваа случка.

Ова е само еден пример на наводната телепатија која постои помеѓу близнаците. Истражувањето спроведено од д-р Lin Cherkes, генетски аналитичар од “Кралскиот колеџ во Лондон”, покажа дека еден од пет еднојајчани близнаци доживеале накој вид на телепатија, а еден од 10 двојајчани.

Во друг случај, еден човек од Тексас за време на шопинг почувствувал боцкање во градите, па морал да седне. Тој подоцна дознал дека неговиот брат близнак во Њујорк имал срцев удар во исто време. Имаше случај кога една девојка паднала од велосипед и се здобила со скршеница на зглобот на ногата, а во исто време на нејзината сестра близначка и отекол зглобот без никаква причина.

Има и некои случаи каде близнаците знаат што се случува со другиот, иако не постои логично објаснување за тоа.

Write A Comment