← НАЗАД НА БОЗА

Типични грешки што ги правиме за време на миење на косата

Типични грешки што ги правиме за време на миење на косата
155 Читања

Миењето на косата повеќето жени го прават рутински. Сепак, постојат грешки што ги правиме кога ја миеме косата, што можат да влијаат врз нејзиниот квалитет. Ова се грешките кои обично ги правиме за време на миењето:

Секојдневно миење на косата

Со пречестото миење на косата се суши природната маснотија на темето, што предизвикува појава на првут.

Избор на шампон

Еден од најважните елементи за правилното перење на косата е правилниот избор на шампон. Тој треба да одговара на вашиот тип на коса. Состојките во шампоните не одговараат со секој тип на коса, па затоа е важно да го најдете оној кој и одговара на вашата коса. Луѓето кои имаат првут треба да изберат шампон за чувствителна кожа на темето на главата.

Начин на примена на шампонот

При примена на шампон, шампонот треба да се втрие што е можно поблиску до коренот на косата. Користејќи кружни движења, нанесете шампон на темето од вашата глава.

Плакнење на косата

Исплакнете ја косата со млака вода, бидејќи топлата вода дополнително ја оштетува косата. Што се однесува до балзамот, тој треба да се нанесе само на врвовите, никако на темето за да не се измрси косата дополнително. Оставете го балсамот да делува неколку минути и темелно исплакнете ја косата.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk