Откако ќе ја усоврши примената на сунѓерче за шминкање, за нанесување на основа, веќе нема да се шминкате без него!
Пред неколку години, овој волшебен производ ги занесе жените, олеснувајќи им го шминкањето!
Покрај тоа, вашиот make-up finish ќе изгледа многу подобро ако користите сунѓерче. Сепак, се чини дека повеќето жени го користат овој производ погрешно и затоа не уживаат во неговиот шарм.
Сунѓерчето за шминкање најдобро функционира кога е влажно. Водата му го зголемува волуменот, го омекнува и ја намалува апсорпцијата на шминка и со самото тоа ја штеди вашата пудра.
Постои уште еден чекор во кој многу жени грешат, а тоа е самото нанесување на шминка. Наместо пудрата да ја нанесете на лицето, а потоа да ја размачкате со сунѓерчето, подобро е да ја ставите директно на сунѓерчето и дури потоа да ја нанесете на лицето.
Шминка многу подобро ќе се стопи со вашата кожа, а ќе искористите помалку од производот.
Сунѓерчето за шминкање измијте го со топла вода по секоја употреба, а би било добро и да го менувате секој месец, поради хигиената.
