Art & Crafts

Ткаенини кои не смеете да ги перете со омекнувач

Кога сакаме облеката да ни биде миризлива и мека тогаш користиме омекнувачи.

Тие ја омекнуваат ткаенината, го намалуваат статичкиот електрицитет и и даваат пријатен мирис на облеката. Но, некои ткаенини не би смееле да ги третираме со омекнувач.

Ткаенините од микровлакна

Благодарение на цврсто испреплетени влакна ткаенината од микровлакна е исклучително издржлива и има сјајни впивачки својства. Ако ја третирате со омекнувач полека ќе ја уништите нивната функционалност и ќе го скратите рокот на траење на влакната.

Спортската облека

Поголемиот дел од спортската облека технолошки е прилагодена за потта и нејзиното впивање, па така ви ја лади кожата во текот на физичката активност. Омекнувачот на нив остава слој кој го спречува апсорбирањето на телесните течности.

Облека од незапаливи ткаенини

Многу работни одела со причина се направени од посебни ткаенини отпорни на пожар, односно ве штитат од оган на местата каде што сте потенцијално изложени на оган. Нив немојте да ги третирате со омекнувач бидејќи тој негативно делува на нивното својство на отпорност на оган и на крај ќе ги направи целосно нефункционални.

Пешкири

Сите сакаме меки и миризливи пешкири, но омекнувачот ги спречува во нивната главна функција, а тоа е апсорпцијата. Исто како и кај спортската облека, омекнувачот на пешкирите остава тенок слој на восок поради кои не ја впиваат водата како треба.

Write A Comment