
Денешните погачи се нарекуваат тоскански затоа што не потсетуваат на оваа прекрасна земја полна со гурмански задоволства и разновидни вкусови.
Погачите се одлични за носење на пат затоа што се исто толку добри и топли и ладни. Со нив можеме да ги изненадиме нашите гости. А готови се додека да трепнете!
Состав:
– пакетче фета сирење
– 4 јајца
– сушен домат
– маслинки
– чадена пршута (со отстранет мрсен дел)
– сол
– пипер
– босилек
– кокосово масло за печење
Подготовка:
Маслинките, доматите, фета сирењето и пршутата насечете ги на мали парчиња и ставете ги во сад. Додадете јајца, сол, пипер и босилок и сите состојки заедно добро измешајте ги. Смесата излејте ја во калап за мафини, кои претходно сте ги намачкале со кокосово масло. Печете во рерна загреана на 180 степени околу 20 минути, или додека погачите не поруменат и не добијат убава коричка. Одлично одат со cherry домати.