Постојат и некои смели модели кои особено ќе ги привлечат љубители на модата, но исто така и оние кои најверојатно се наоѓаат на дното на вашиот чевларник.
Модата е прилично циклична, тоа не е нова вест.
Рециклираните трендови доаѓаат во малку поинакви форми, но основната ја диктира формата.
Во сезоната есен / зима 2018-2019. модели кои се издвојуваат како враќање кон минатото секако се оние кои не ги носевме толку одамна, станува збор за сите видови на чевли со шпицест врв, потоа каубојските чизми и посебната ода на ерата на 80-тите: чизми со вреќаст горен дел и тоа што поавтентични – значи, што повеќе да личат на оние кои што се носеа во тоа време.
Затоа, пребарајте ги гардероберите на своите тетки и мајки, ние сме сигурни дека таму ќе пронајдете нешто на што би ви подзавиделе трендсетерките.
Кога станува збор за оние кои се со посмела, модерна форма, тоа се, секако, патиките на платформа или било кои чевли со малку поголема форма, но и чевлите со детали во форма на пердуви!
Сезоната пред нас ве повикува да си играте безбедно или да ја покажете вашата љубов кон модата, како вистински стилист. Што избирате?