← НАЗАД НА БОЗА

Трендови за есен: Овaa есен во мода се враќа мебел кој изгледа природно

Трендови за есен: Овaa есен во мода се враќа мебел кој изгледа природно
266 Читања

Време е да погледнеме што предлагаат декораторите за организирање на домот во претстојната сезона.

Иако се поврзува со морето и топлите денови, сината боја ќе биде актуелна и со есенското сивило. За здив на свежина, романса и спокојство ќе се погрижи розевата боја, а љубителите на гламурозни детали имаат причина за радост бидејќи златото се враќа на голема врата (инвестирање во тепих кој изгледа како да е прелиен со злато е голем хит).

Оваа есен во мода се враќа мебел кој изгледа природно. Етно стил, која вклучува светилки од ратан, теписи со шари, декоративни прекривки ќе биде одличен сојузник во борбата против дождот и сивилото. Весела рамнотежа за кратките и поладни денови дава розевата боја која го затоплува домот. Се вклопува со метал, потемни неутрални бои и сиви тонови. За посилен впечаток, комбинирајте ја со вибранта виолетова боја.

Доколку не ви се допаѓа розева, можете да изберете темно сина боја. Таа е убаво за око, но исто така одлична е и за зимата, особено кога се комбинира со златни детали на тапетите. И токму златото е бојата на годината. Беше тука во текот на пролетта и летото и опстанува во текот на есента и зимата. Декораторите сугерираат златен тепих, особено ако го комбинирате со модерните реставрирани парчиња стар мебел.

На љубителите на живописни и вибрантни бои, форми и текстури ќе им се допадне трендот кој се потпира врз бохо стилот. Линии, точки, геометриски форми врз ткаенините, прекривките, завесите, па дури и фотељите – слободно одберете нешто од ова и нема да погрешите. И боите се енергични, а линиите прочистени. За да го следите овој тренд, сепак, не само што треба да бидете храбри, но исто така и внимателни, за да не отидете во кич.

Значи, ако не сте сигурни дека можете да го изведете ова, подобро држете се до едноставноста.

А оваа есен нуди нешто за обожавателите на минимализмот. Тие среќно ќе го дочекаат враќањето на црните детали, како што се полиците, масички, ормарчиња кои треба да се сведат на елегантни линии. За шик ефект, комбинирајте ја црната со големи цветни мотиви на фотељи, ѕидови, перници.

И кујните претрпеа промена, нема повеќе еден стил, туку комбинација од различни стилови. Работната површина од кварц, кујнски елементи направени од дрво или темни делови наспроти светлиот мермер – слободно играјте се, бидејќи различните текстури постојат за да се надополнуваат едни со други.

Совет Плус: Едноставен трик за есенскиот ентериер се меките, топли детали. Наредете ги прекривките и перниците на фотељите и троседите, вратете ги завесите на прозорците, а ако имате мек тепих, сега е време да го ставите на подот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk