Драстичното губење на килограми бара и драстични мерки како што се контролирана диетална исхрана и физичка активност. Но, тоа што ќе ви го откриеме не е диета ниту магична направа која топи килограми, туку три едноставни трикови со кои ќе се ослободите од чувството на глад.
1. Кисели краставици
Киселите краставици не се само прилог, туку и идеално средство за убивање на глад. Киселата краставичка го намалува шеќерот во крвта и со тоа го ублажува чувството на глад. Ако еден час пред обројот осетите неопислива желба за храна, гризнете неколку кисели краставици.
2. Бадеми, ореви и лешници
Добро е познато дека оревите се здрава и хранлица ужина која можете да ја употребите помеѓу оброци. Една рака од овие здрави ужинки моментално ќе ве заситат, а комбинација со сушено овошје како суво грозје, смокви и сливи, е непобедлив борец против глад.
3. Минерална вода наместо газирани сокови
Иако газираните сокови исто така убиваат глад, тие се калорични, а тоа никако нема да ви помогне ако сте на диета. Сокот заменете го со минерална вода. Водата моментално ќе ве надуе, а со тоа и ќе ве засити. Овој нискокалоричен пијалок може да го искомбинирате и со претходно наведените намирници.
