Конзумирањето на три реда на чоколадо месечно го намалува ризикот од срцеви заболувања за 13 отсто, но секојдневно земање на чоколадо, кој содржи многу шеќер и маснотии, го зголемува тој ризик за 17 проценти.
Природните состојки во чоколадото, флавоноиди, го подобрува здравјето на крвните садови, а најздравото е темното чоколадо, кој има највисоко ниво на флавоноиди и најниско ниво на шеќер.
Понекогаш конзумирањето на овие слатки се добри за здравјето, односно три реда месечно.
Научниците веруваат дека природните состојки во чоколадото, исто така, помагаат да се намали процесот на воспаление.
Сепак, најважно е умереното, чоколадото е здраво само ако се јаде повремено, велат истражувачите.
“Чоколадото е важен извор на флавоноиди, кои се поврзани со намалување на процесот на воспаление и зголемување на нивото на добриот холестерол”, вели водечкиот истражувач Чајакрит Кританавонг од Медицинскиот факултетот во Њујорк.
Тој додаде дека, што е уште поважно, флавоноидите го зголемуваат нивото на азотниот оксид, гас кој ги проширува крвните садови и ја зголемува циркулацијата.