Овошјето е најдобриот пријател на нашето тело, особено ако го конзумираме свежо, бидејќи содржи растителни влакна, витамини и минерали кои се неоходни за организмот. Овошјето е и идеален сојузник во процесот на топење на масните наслаги натрупани во телото.
Колку пати до сега сте се нашле во ситуација да пробувате да се сетите кога последен пат сте јаделе свежо овошје? Ако не се сеќавате, време е да направите промена.
Токму затоа денес ви нудиме идеја за три вкусни пијалоци кои во комбинација со житарици се идеален појадок, замена за ужинка или вечера и се ефикасни помошници во процесот на слабеење.
– Шумски вкус: јаболко, малини, грејпфрут и сок од портокал
– Тропски вкус: грејпфрут, маракуја и ананас
– Свеж вкус: мандарина, јагода и банана
Подготовка:
– Во блендер ставете неколку коцки лед и филџан ладна вода
– Додадете ја вашата комбинација овошје
– Се заедно добро да се измеша и да се конзумира веднаш
Ако сакате пијалокот да го употребите како замена за оброк, наместо вода додадете кисело млеко со ниска масленост, а наутро започнете го денот со овошен пијалок збогатен со житарици и јаткасто овошје.
