Шпоретите со рамни плочи се повеќе се гледаат во кујните, а за домаќинките што ги користат нивното чистење може да биде вистински предизвик.
Чувствителната стаклена површина е склона кон гребење, особено ако се користат абразивни крпи и силни средства за чистење. Оттука, откриваме многу едноставен и брз начин, во само шест чекори, како да го исчистите шпоретот со рамна плоча без да го оштетите.

Пред да почнете да го исчистите шпоретот, проверете дали е исклучен и отстранете ги трошките од храната што останале од готвењето за да можете полесно да ги исчистите тврдокорните дамки.
Следете ги овие 6 чекори :
- Садот наполнете го со топла вода, истурете го детергентот – направете пена
- Над шпоретот ставајте сода бикарбона
- Натопете ја крпата во чинијата со детергент, исцедете го, но нека биде влажна
- Натопената крпа ставете ја над шпоретот со сода бикарбона и почекајте 15 минути
- Потоа избришете го шпоретот со влажна крпа и отстранете ги остатоците од нечистотијата со сунѓер
- Ако имате шпорет што се сеосетливи на допир, избегнувајте ги поради сензорите.
