Тропската лимунада, не е обична лимунада. Таа има богат вкус и претставува вистинско летно освежување која ќе ги разбуди вашите сетила.
Состојки:
- 300мл свежо исцеден сок од лимун
- ½ манго
- ½ ананас
- Лажичка мелен ѓумбир
- 10-тина малина
- 10-тина листови нане
- Вода
Припрема:
Исцедете го лимунот во бокал. Мангото и ананасот исецкајте ги на ситни коцки. Во блендер ставите ги коцките овошје и ставете половина од лимуновиот сок. Додајте го чумбирот и нането и мешајте додека не добиете густа смеса. На крај додајте го остатокот од лимуновиот сок и водата.
Лимунадата разладете ја добро, потоа додајте по неколку малини и уживајте во богатиот вкус на овој тропски напиток.
