Здраво тело

Тропска лимуада – совршено освежување за летните денови

Тропската лимунада, не е обична лимунада. Таа има богат вкус и претставува вистинско летно освежување која ќе ги разбуди вашите сетила.

Состојки:                                        

  • 300мл свежо исцеден сок од лимун
  • ½ манго
  • ½ ананас
  • Лажичка мелен ѓумбир
  • 10-тина малина
  • 10-тина листови нане
  • Вода

Припрема:

Исцедете го лимунот во бокал. Мангото и ананасот исецкајте ги на ситни коцки. Во блендер ставите ги коцките овошје и ставете половина од лимуновиот сок. Додајте го чумбирот и нането и мешајте додека не добиете густа смеса. На крај додајте го остатокот од лимуновиот сок и водата.

Лимунадата разладете ја добро, потоа додајте по неколку малини и уживајте во богатиот вкус на овој тропски напиток.

 

Напиши коментар